Милано во еуфорија, побарувања за 200.000 билети

335

Милан е на прагот по повеќе од деценија да ја освои првата титула во Серија. Во шампионатот на Италија остануваат уште две кола, а Милан викендов на домашен терен ја пречкува Аталанта. Со оглед на фактот што Милан во споредба со ривалот Интер има два бода предност на лидерското место ова е веројатно клучниот меч за Скудетото. Токму затоа, во Милано деновиве владее невидена еуфорија по повод овој дуел, и иако капацитетот на Сан Сиро е 80.000 гледачи, во клубот се пристигнати 200.000 барања за билети.

Одамна ваква еуфорија не е видена, велат медиумите, но и одамна Милан не бил кандидат за титулата, а и толку блиску до неа. Во последното коло пак Милан гостува кај Сасуоло, додека пак Интер викендов гостува на Каљари, а во последното коло дома се среќава со Сампдорија.

Мечот Милан – Аталанта е закажан за в недела од 18:00 часот.

 

ПретходноКориере Дело Спорт: Дибала ќе биде нов играч на Рома
СледноКаменица Саса и АС Јунајтед ќе се борат за куп трофејот