Перишиќ менува, ќе замине во Англија и ќе потпише за Челзи

163

Иако се очекуваше тимот на Интер да направи се и да го задржи во своите редови, сепак искусниот итернационалец од Хрватска, Иван Перишиќ летово ќе има нов клуб. Како што вкомпонорано пренесоа медиумите во Италија и Англија, крилниот напаѓач кому летово му завршува договорот со Интер, нема да потпише нова соработка со клубот од Милано, туку ќе се пресели во Лондон и ќе потпише за Челзи.

Перишиќ неделава му донесе нов трофеј на тимот на Интер откако во финалето од Купот на Италија против Јувентус погоди на два пати и беше главниот играч во победничкиот состав.

 

ПретходноКаменица Саса и АС Јунајтед ќе се борат за куп трофејот
СледноДали е готово: Реал веќе порача 20.000 дресови со името на Мбапе!