Жерард Пике со Барселона има договор уште две години, но веќе на големо почна да се шпекулира дека на крајот на оваа сезона ќе ја заврши кариерата.
Жерард Пике со Барселона има договор уште две години, но веќе на големо почна да се шпекулира дека на крајот на оваа сезона ќе ја заврши кариерата.
Оваа сезона имаше доста проблеми со повредите, нема да игра до крајот на сезоната. Па токму затоа се појавија шпекулации дека пред време во пензија пред да истече неговиот договор.
Искусниот дефанзивец се посвети и други работи, доста е успешен во бизнисот, па фудбалот не му е на прво место.
Но, откако бил на разговор со Чави и раководството на Барса се предомисли.
Мундо Депортиво вчера објави дека ова лето нема да оди во пензија, ќе ја одигра и следната сезона, откако Чави му објаснил колку е важен за тимот и дека е вистински лидер на теренот.
Пике ќе се обиде да ги санира повредите, но дал до знаење дека следната година ќе стави крај на кариерата и дека тоа е завршена работа.
Тој има дури 35 години и сигурно ќе може да игра уште неколку сезони, но одлучи да се посвети на својот бизнис, негова желба е да се посвети на своето семејство.