Пике: Мурињо го уништи фудбалот, за малку ќе ја уништеше и репрезентацијата на Шпанија!

728

Познато е дека најголемото светско дерби на клупско ниво е она меѓу Реал Мадрид и Барселона. Посебно „жешко“ беше во времето кога Жозе Мурињо беше стратег на “кралевите“.

Специјалниот“ обично губеше од Барса во тие мечеви, но секогаш приредуваше шоу, не криеше дека не ја поднесува Барселона, иако дел од својата кариера ја мина на “Камп Ноу“ и тоа како помошник на Боби Робсон.

За тие времиња, за тоа какво мислење има за Португалецот, свој видување изнесе Жерар Пике, иконата на Барса…

Според мене Мурињо уништи еден поглед кон фудбалот. Малку недостигаше да ја уништи и репрезентацијата на Шпанија. Тој ги увери своите играчи дека ние од Барселона ги мразиме, па затоа еднаш кога минав покрај Касиљас и го поздравив тој само продолжи покрај мене и воопшто не се ни сврте да ме поздрави. Кога бевме во репрезентацијата моравме постојано да се мешаме кога вежбавме некои вежби со играчите од Реал за да колку толку ја смалиме тензијата. Мурињо кога беше во Шпанија, во Реал, постојано работеше некои чудни работи кои немаа врска со фудбалот“ рече покрај другото Пике.

ПретходноТричко во тимот на сезоната во шампионатот на Кипар! (ФОТО)
СледноИграч на Њукасл ќе биде казнет со 100.000 фунти зошто носи “Гучи“ лента на главата!