РФМ го прифати барање на Вардар и Е.Пелистер за бројот на странски играчи

393

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе Одлука по пристигнато барање од РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961 за бројот на странски играчи да остане непроменет односно како и во тековната сезона 2021/22.

„УО на РФМ постапи согласно Член 35 од Статутот поради итност на донесување на одлуки согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) и го усвои предметното барање.

За натпреварувачката сезона 2022/23 при системот на натпревари при РФМ бројот на странци ќе изнесува 8 (осум), од кои 5 (пет) имаат обврска да се репрезентативци во своите национални селекции во било која категорија, а останатите 3 (три) по произволен избор на клубовите од кои се ангажирани“, се вели во известувањето на Ракометната федерација на Македонија. 

ПретходноАшковски го удри како Зидан, Македонецот доби плус топка во глава (ВИДЕО)
СледноДонарума им поставил ултиматум на челниците на ПСЖ