Ништо чудно кога станува збор за Иван Тричковски, за “кралот“ на головите на Кипар. Капитенот на АЕК Ларнака и оваа сезона ја одигра во врвна форма, беше најдобар во својот тим, како според игрите така и според головите.
Па така Македонецот и оваа сезона беше избран во тимот на сезоната. Така беше и во минатите сезони, така е и во оваа.
Нема што Тричко едноставно влезе во историјата на АЕК Ларнака и во историјата на фудбалот на Кипар.