Четири руски фудбалски клубови објавија дека поднеле тужби до Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана, затоа што беа неправедно исфрлени од европските натпреварувања за следната сезона.
„Нашиот клуб, заедно со уште три руски прволигаши, Зенит од Санкт Петербург, Динамо од Москва и Сочи, поднесоа жалба до CAS против одлуката на Европската фудбалска унија (УЕФА), која беше донесена на 2 мај за забрана на руските клубови да играат во Европа“, се наведува во соопштението на московска ЦСКА.
Сите клубови побараа од судот во Лозана да ги разгледа жалбите по итна постапка. УЕФА на почетокот на мај објави дека ниту еден руски клуб нема да учествува во европските натпреварувања во сезоната 2022/23, по воената интервенција на Русија во Украина.