Чудесниот Дончиќ се избори за мајсторка, крај за Ембид и Харден (ВИДЕО)

494

Лука Дончиќ и Далас убедливо го совладаа Геникс со 113-86 и се изборија за седми натпревар во полуфиналето во Западната конференција. Маверикс мечот го решија во втората четвртина, на одморот заминаа со предност од 15 поени, која до крајот без проблем ја одржуваа.

Во центарот на вниманието беше Лука Дончиќ. Словенецот постигна 33 поени, 11 скока и осум асистенции. Токму неговиот учинок беше подобар од ударниот тандем на противникот, Букер и Пол, кој заедно постигнаа 32 поени, 10 скока, седум асистенции и дури 13 изгубени топки, осум од нив беа на Букер.

Со синоќешната партија Дончиќ одново испиша историја во НБА лигата. Ова беше петти меч во доигрувањето во кој постигнал барем 30 поени, 10 скока и пет асистенции, со што се одвои од легендата Дирк Новицки. Германецот за вакви четири остварувања му беа потребни 145 меча, Словенецот го престигна само за 22 натпревари.

Во оваа победа Дончиќ ја мина бројката од 700 поени во доигрувањето, а само на Вилт Чембрлен и Мајкл Џордан им беа потребни помалку од 22 натпревари.

Мајами славеше на гости кај Портланд со 99-90 и помина во конференциското финале со 4-1 каде ќе игра против подобриот од Бостон и Милвоки.

Во текот на целиот меч Ембид и Харден беа надвор од ритамот. Мајами на крилата на Батлер кој запиша 32 поени и 8 скока дојде до четвртата победа. Ембид имаше 20 поени, додека Харден 11.

ПретходноЖдрепката за баражите за ПМФЛ во вторник, Тиквеш и Скопје ги чекаат своите противници
СледноБрестовац ја заврши својата авантура во Саудиска Арабија