Брестовац ја заврши својата авантура во Саудиска Арабија

401

Поранешниот селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац ја заврши својата авантура во Саудиска Арабија. Нашиот стратег и Ал-Мудар не се договорија за продолжување на соработката по завршување на сезоната, објави клубот на својата официјална страница.

Брестовац имаше успешна епизода во оваа земја, која и беше прво азиско искуство за него, ја освои шампионската титулата во тамошното првенство и беше победник во Супер-купот.

Од Мудар му се заблагодарија и му посакаа успех во понатамошната кариера.


Претходно покрај тоа што беше селектор на Македонија, Брестовац ги водеше Металург и Ред Бојс Дифердаж од Луксембург, а му беше асистент на Ивица Обрван во францускиот Шамбери.

ПретходноЧудесниот Дончиќ се избори за мајсторка, крај за Ембид и Харден (ВИДЕО)
СледноЧави ја откри најголемата летна желба