Дали останува: Барди со порака до фановите на Леванте!

1625

Леванте, тимот на нашиот репрезентативец Енис Барди и официјално испадна од елитната лига во Шпанија, од Примера. Вчера овој тим загуби од Реал Мадрид со 6:0 на “Бернабеу“ и со тоа си го закопа сите шанси за евентуален опстанок.

Инаку се уште не се знае дали и каде Енис Барди ќе ја продолжи својата кариера, или пак евентуално ќе остане во клубот и ќе игра во Сегунда.

Тоа секако е речиси невозможно, но Барди преку социјалните мрежи испрати порака до фановите на Леванте, во која стои дека… „Заедно ќе го вратиме тимот каде што припаѓа“.

No description available.

Што ли му значи тоа?

Пристигнав во Леванте пред 5 години, тоа го направив со желба да растам, со желба да живеам во голем клуб. Заедно доживеавме добри и лоши времиња, вчерашниот ден без сомнение е еден од најтешките моменти во мојата професионална кариера. Можеме само да ви се заблагодариме за добиената поддршка и дека ЗАЕДНО ќе го вратиме Клубот онаму каде што заслужува“ напиша покрај другото нашиот интернационалец.

 

ПретходноДали е готово: Реал веќе порача 20.000 дресови со името на Мбапе!
СледноМанасков: После 202 дена конечно можам да кажам – СЕ ВРАТИВ!