Маркоски: Во недела не чека голема борба, се надевам дека пехарот ќе го однесеме во Битола

259

Двата најдобри тима од оваа сезона ќе водат битка за пехарот и во Купот на Македонија. Полуфиналните пресметки завршија со очекуван епилог, Е.Пелистер и Вардар ги оправдаа улогите на фаворити, па во недела одново ќе ги вкрстат „копјата“ за нов трофеј.

Вардар 1961 ја доби едната битка и тоа во Битола за шампионската титула, останува да видиме кој ќе биде поуспешен во вториот најважен меч оваа сезона. Битолчани посакуваат да го добијат финалето и да ги израдуваат своите навивачи.

„Бутел Скопје е добра екипа, им честитам за борбеноста. Покжавме дека сме поквалитетни, имаше промени во играта, мораа да се пробаат сите играчи, но се вративме со мирни глави.

Во недела не чека голема борба, се надевам дека пехарот ќе го однесеме во Битола“, изјави македонскиот репрезентативец Никола Маркоски.

ПретходноБитолчани се пласираа во Куп финалето: Е.Пелистер и Вардар 1961 во нова битка за трофеј!
СледноПочна „Дијамантската лига 2022“: Паднаа два митинг-рекорди во Доха