Мартин Томовски со десет одбрани беше еден од најдобрите поединци во таборот на Вардар 1961 во победата над Е.Пелистер на денешното прво полуфинале во Купот на Македонија.
Македонскиот репрезентативец по мечот потенцира дека не е лесно да си бранител на пехарот во ова натпреварување.
„Навистина е тешко е да си бранител на титулата, мислам на Купот на Македонија. Благодарност до Е.Пелистер за фер играта. Ние сме среќни бидејќи ќе играме финале, ќе го чекаме подобриот од Е.Пелистер и Бутел Скопје. Нашата цел е да се радуваме на трофејот“, изјави Томовски, кој кратко прокоментира за титулата во првенството.
„Таму не чекаат уште два меча, не смееме да се опуптиме, ќе дадеме се од себе“.
Вардар ќе игра со подобриот меѓу Е.Пелистер и Бутел Скопје, меч кој е закажан со почеток во 20 часот.