ВМФЛ – ЗАПАД: Сите погледи кон Кратово, пехарот за Силекс, а Воска или Вардар во баражот…

473

Денеска е денот “Д“ за Воска и Вардар. Двете екипи кои имаат шанси, но и амбиции за влегување во баражот за пласман во ПМФЛ. Денеска сите погледи ќе бидат свртени кон Кратово. Таму од 17 часот во меч од последното 27.коло во ВМФЛ – ЗАПАД, се среќаваат Силекс и Воска. Кратовци ќе го добијат пехарот за првото место а охриѓани посакуваат барем бод, со кој и официјално ќе бидат втори и ќе одат во баражот.

Вардар игра во Дебар, кај Кораби, и се надева дека Силекс ќе ја победи Воска. Само така, се разбира и со триумф во Дебар, Вардар може во баражот во последен момент.

Во битката за опстанок Охрид сам си решава, со триумф дома над Тетекс се ќе биде готово, може и со пораз, но Вардар треба да го победи Кораби.

Реално е Охрид да избори опстанок. На останатите мечеви во ова 27.коло се среќаваат Беса – Кадино и Велешта – Гостивар.

ДВОЈКИ ЗА 27.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

БЕСА – КАДИНО

ВЕЛЕШТА – ГОСТИВАР

ОХРИД – ТЕТЕКС

КОРАБИ – ВАРДАР

СИЛЕКС – ВОСКА СПОРТ

ТАБЕЛА

Силекс 65, Воска 58, Вардар 55, Тетекс 36, Гостивар 34, Беса 32, Охрид 29, Кораби 27, Велешта 18, Кадино 7

ПретходноГрилиш не знае од каде е!? (ВИДЕО)
СледноВМФЛ – ИСТОК: Беласица става “печат“ на баражот, Слога (В) се надева на чудо…