Ива Младеновска скромна: Не победуваат поединци, победува тимот!

171

Ива Младеновска најголемата ракометна надеж со свои 15 години беше лидер во редовите на Металург во триумфот над Куманово од 21-25 за пласман во финалето, постигна десет гола.

На средината на второто полувреме се чинеше дека тимот од Автокоманда е далеку од посакуваната победа, но Дамчевска повика тајм-аут по кој нејзините девојки одиграа како под ноти, на крајот сосема заслужено се радуваа.

Иако постигна десет погодоци, Младеновска по мечот беше скромна.

„Сите сме заслужни за овој успех, поединец не може да донесе успех, ова е тимски спорт. Останува да се одмориме до утре и да се подготвиме за финалето. Среќни сме што ќе играме за трофејот, нашата желба е да го освоиме Купот“, порача Младеновска.

Јулијана Дамчевска не го криеше своето задоволство по триумфот, потенцира дека на полувремето им кажала на своите девојки дека овој меч ќе заврши во нивна корист, не ја изгубила вербата кога имаа четири гола негатива.

„Можеби во првото полувреме се сомневав за крајниот исход, но на полувремето им кажав на девојките дека овој меч ќе биде наш. Имаме млад тим, можеби не најмлад, но немаме големо исуство, па токму тој тајм-аут беше потребен за да се разбудат девојките, да не изгорат во желбата за победа“. 

ПретходноКуп на Македонија: Металург по неверојатен-чудесен пресврт го елиминираше Куманово за финале!
СледноБањаја со рекорд на патеката до пол – позиција на Ле Ман! (ВИДЕО)