Клоп за историја: Само тој и Ферги направија ваков подвиг

401

Ливерпул под водство на Јирген Клоп испиша нова страница од клупската историја. Денеска „црвените“ го освоија и ФА Купот, а за Германецот овој трофеј има посебно место во неговата богата тренерска историја.

Германскиот стратег стана првиот менаџер во историјата на клубот кој ги освоил Премиерлигата, Лигата на шампионите, ФА Купот и Лига купот.

Клоп стана и вториот менаџер во историјата кој ги освоил сите овие трофеи со еден англиски клуб. Претходно тоа му успеа само на поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон.

ПретходноЧаир 2030 стигна до историски пласман во Првата лига
СледноЧелзи испиша антирекорд: Не можат да победат во ФА Куп финале трипати по ред!