Клоп за повредите на Салах и Ван Дајк: Не изгледа страшно, но ќе почекаме

173

По освојувањето на ФА Купот, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, зборуваше и за повредите на двајцата стартери во составот на „црвените“, Ван Дајк и Салах.

Клоп се надева дека и двајцата ќе бидат во ред, но не можеше да понуди детална анализа за нивните фитнес проблеми веднаш по нивниот триумф во купот сезонава. Салах беше принуден да го напушти теренот во првото полувреме поради мускулен проблем, за кој беше пријавено дека станува збор за повреда во препоните.

„Мо дојде и морав да донесам одлука. Тој рече: „Можам да продолжам, но се чувствувам малку несигурно. Затоа го повлеков. Се надевам дека ќе биде добро. Вирџ имаше болки сите 120 минути. Не знам ништо повеќе, ќе видиме“, изјавил менаџерот на „црвените“.

ПретходноИџе излета од патеката во Шпанија, утре најверојатно нема да вози на втората трка (ВИДЕО)
СледноНоле со 1000-та победа во кариерата и финале на Мастерсот во Рим