Навивачите на Вардар посакуваат: „Комитска“ инвазија во Кавадарци за двојна круна

601

Бранителот на трофејот, Вардар 1961 и предизвикувачот Е.Пелистер, се двата тима кои утре во салата „Јасмин“ во Кавадарци ќе го дадат името на победникот во Купот на Македонија.

Ова сценарио се очекуваше и пред стартот на ова натпреварување, а според последната пресметка во Битола, финалето треба да биде вистински ракометен спектакл. Мотивот е уште поголем, вардарци сонуваат за нова двојна круна, битолчани спасот во сезоната го гледаат во Купот на Македонија, единствен начин да покажат дека средствата не се бадијала дадени од страна на раководството.

На трибините ќе ги има двете навивачи групи, што пак ќе даде дополнителна доза на убавина на оваа пресметка.

„Комити“ веќе се мобилизираат, повикаа на инвазија во Кавадарци.

ПретходноРаботнички ќе го пречека Пелистер на “Борис Трајковски“ во Маџари!
СледноЕмоции: Дортмунд и фановите со БЛАГОДАРАМ до Халанд! (ВИДЕО)