Најдобриот стрелец на кипарска АЕК Ларнака, нашиот Иван Тричковски, ја затвори сезоната со гол. Денеска во последното коло од кипарската елита, Тричковски со својот 15-ти сезонски погодок (петти во доигрувањето за титулата) ја потврди победата на АЕК Ларнака од 2:0 над екипата на Пафос, со што и официјално го остави својот тим на 3. место на табелата кое следната сезона ги води до настап во УЕФА Конференциската лига.
Тричковски денеска беше прецизен од белата точка.