Уште едно фуриозно издание на Алкалоид – совладан и Работнички

124

Тимот на Алкалоид дојде до уште еден убедлив триумф во Првата лига – плеј-оф, откако на домашен терен го совлада Работнички со 38-28 во меч од осмото коло. Иако дебитантот во ова друштво обезбеди место во Супер-лигата, сепак не го промени стилот. До бодовите дојде доминантно, а натпреварот го реши по само 30. минути.

Неизвесност имаше само во воведот на оваа пресметка, гостите поведоа со 3-5, по што домаќинот со серија од 5-0 за водство од 8-5. Не го променија ритамот, ракометарите на Алкалоид постојано ја зголемуваа позитивата која пред полувремето беше 19-9, додека по завршување на овој дел од мечот истата беше 21-9.

Вториот дел беше само чиста формалност, Алкалоид без проблем го приведе овој дуел, иако противникот одигра многу подобро.

Серафимов беше стрелец на десет гола, Ѓоргиев запиша седум, додека по четири имаа Ивановски и Кофиловски. На другата страна Дука постигна девет погодоци, Димевски застана на шест

ПретходноМЗТ Скопје повеќе од еден месец во перфекција, дебитантот е шанса за зацврстување на врвот!
СледноДали ова е најголемото понижување за Лионел Меси во кариерата?