Челзи испиша антирекорд: Не можат да победат во ФА Куп финале трипати по ред!

159

Челзи го претрпе третиот последователен пораз во финалето на ФА Купот. Избраниците на Томас Тухел денеска загубија од Ливерпул на пенали и ја продолжија црната серија која ја имаат и од минатите две изданија.

Во 2020 година, „сините“ загубија во финалето од Арсенал со 2:1, а минатата година беа поразени и од Лестер со минимални 1:0.

Ниту еден тим до денес немал ваква катастрофална низа на финални настапи во ФА купот. Челзи последен пат го освои овој турнир во 2018 година.

ПретходноКлоп за историја: Само тој и Ферги направија ваков подвиг
СледноИџе излета од патеката во Шпанија, утре најверојатно нема да вози на втората трка (ВИДЕО)