Како што јавуваат медиумите во Кипар, за испразнетото тренерско место во тимот на АЕЛ Лимасол, каде што настапуваат нашите интернационалци, Кире Ристевски односно Давор Здравковски е екс кормиларот на Македонската репрезентација, искусниот Чедомир Јаневски.
Јаневски има големо искуство во работењето на Кипар, беше дел од многу екипи како Енозис Паралимни, Етникос Ахна, Олимпијакос Никозија, но ете сега очигледно се отвора шансата тој пак да се врати на островот. АЕЛ е во потрага по нов трнер, а како што јавуваат медиумите, тоа сака да го стори бргу за да може да се почне со работа.
Јаневски во моментов е дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Јужна Африка, и ќе видиме во следните ден, два како сето тоа би се изменаџирало, односно дали Јаневски ќе се одлучи да се пресели на Кипар уште еднаш и да го преземе тимот на АЕЛ.