Анчелоти има нов асистент на клупата на Реал (ВИДЕО)

746

Реал Мадрид освои нова титула во Примера сезонава, а на последниот одигран меч на домашен терен против Леванте кој „Кралевите“ го добија со 6:0, се случи несекојдневен момент. Со оглед дека овој меч за Реал немаше никакво резултатско значење, па имаше простор и за малку шега, Карло Анчелоти во еден момент од натпреварот, на својот син Давиде, инаку прв асистент, му нареди да ги замени местата со Едер Милитао. Бразилецот накратко стана асистент на Анчелоти, камерите тоа го регстираа, а со оглед на фактот што Реал го декласиреше Леванте и го прати во Секунда вели дека Милитао и не се снашол така лошо во новата улога.

ПретходноВориорси одат во конференциското финале, Бостон се избори за седми натпревар (ВИДЕО)
СледноЕкс фудбалерот доби 14 години во затвор за убиство (ВИДЕО)