Бањаја со рекорд на патеката до пол – позиција на Ле Ман! (ВИДЕО)

62

Италијанецот Франческо Бањаја имаше супер возење во квалификациите во Мото ГП за големата награда на Франција. Возачот на Дукати со 1:30,450 минути постави и нов рекорд на патеката, со што покажа и докажа дека е во одлична форма, ако се знае дека тој на минатата трка во Херес успеа да победи.

Бањаја имаше најбрз круг, па така тој утре ќе стартува од првата позиција на трката за ГН на Франција.

На втората позиција ќе биде Џек Милер на Дукати, додека од третата позиција утре ќе тргне Алеш Еспаргаро на Априља.

ПретходноИва Младеновска скромна: Не победуваат поединци, победува тимот!
СледноРаботнички ќе го пречека Пелистер на “Борис Трајковски“ во Маџари!