ВМФЛ – ИСТОК: Беласица става “печат“ на баражот, Слога (В) се надева на чудо…

635

И на истокот се знае кој е шампионот за сезоната 2021/22. Тоа е Победа која следната сезона ќе иогра во елитата. Прашањето е кој во баражот, Беласица или Слога (В). Струмичани се поблиску, имаат бод повеќе и сами си ја решаваат судбината, но играат на гости кај Кожуф. Слога (В) пак ја дочекува Победа. Виничани се надеваат на чудо, а тоа вели дека Слога (В) може во бараж, но само ако Беласица не победи во Гевгелија, а четата на стратегот Никола Кузманов слават над Победа. Само така.

Во битката за опстанок се чини дека нема дилеми. Осогово речиси со двете нозе е во Трета лига. На Детонит дома му треба само бод со Саса, додека Пехчево би требало да ги освои дома трите бода против слабиот состав на ТИМ Локомотива. Па така бадијала ќе биде евентуалниот триумф на Осогово кај Братство.

ДВОЈКИ ЗА 27.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

ПЕХЧЕВО – ТИМ ЛОКОМОТИВА

БРАТСТВО – ОСОГОВО

ДЕТОНИТ – САСА

КОЖУФ – БЕЛАСИЦА

СЛОГА (В) – ПОБЕДА

ТАБЕЛА

Победа 59, Беласица 56, Слога (В) 55, Саса 45, Кожуф 37, Детонит 31, Пехчево 30, Осогово 28, Братство 15, ТИМ Локомотива 7

ПретходноВМФЛ – ЗАПАД: Сите погледи кон Кратово, пехарот за Силекс, а Воска или Вардар во баражот…
СледноТепачка на тренингот на Манчестер Јунајтед