Дебитантот влезе во ритам: И Куманово на „менито“ на Ангели

174

Ангели продолжува да воодушевува со добрите партии кон крајот на сезоната, кој за овој тим и тоа како е важен. Дебитантот во прволигашкото друштво се најде во друштво на екипи кои се борат за опстанок, а засега добро му оди.

Избраниците на Боби Митев го совладаа и Куманово, на домашен терен беа подобри со 72-65 за трета победа во низа.

Гостите ја добија првата четвртина со 18-19, а благодарение на добрата игра во вториот и третиот период, дебитантот дојде до целиот плен на оваа средба. Во овој дел од мечот, Ангели беа подобри со 46-31. На другата страна Куманово се разбуди во последната четвртина, ја доби со 9-15, но тоа не беше доволно за пресврт.

Рејм со дабл-дабл од 22 поени и 10 скока беше лидер, зад него беше Крстевски со 15 поени, 12 запиша Хендерсон. Кај Куманово, Марјановиќ имаше 26 поени.

На втората средба од плеј-аут лигата, МЗТ Скопје 2 беше совладан на домашен терен од Академија ФМП со 75-81.

ПретходноДесет гола на Мансков во убедливиот триумф на Веспрем
СледноСпеција со триумф среде Удине, Нестор одигра 40-тина минути!