Стандардни 15-тина минути доби нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и на денешниот меч на неговата Валенсија во шпанската Лига Ендеса.
Валенсија како гостин со многу напор стигна до посакуваната победа од 85:89 со која успеа да се задржи на третото место на табелата по ова последно коло во регуларниот дел од сезоната.
Димитријевиќ средбата ја заврши со 8 поени (4/8 од поле), дополнувајќи и 4 асистенции.