Вистинска лудница во последното коло во Бундеслигата на мечот меѓу Штутгарт и Келн. Имено до 90+2.минута резултатот беше 1:1, што значеше дека “Швабите“ ќе мора во следната сезона да играат во втората Бундеслига, или во најдобар случај да играат бараж, но токму во таа минута домашните постигнаа гол за победа од 2:1, победа со која останаа во елитата.
Следуваше вистинско лудило на стадионот, фановите на „Швабите“ просто „експлодираа“ од радост. Да потсетиме дека Дарко Чурлинов е играч на Штутгарт, па дали ќе остане во Шалке или ќе се врати во Штутгарт тој секако же игра во елитата и во наредната сезона.
Нема дилеми, видеото кажува се…
STUTTGART SCORE A 92ND MINUTE WINNER TO STAY IN THE BUNDESLIGA!!! 😱 pic.twitter.com/MSCfun2LSg
— ESPN FC (@ESPNFC) May 14, 2022