Левандовски и Халанд со голови за крај! (ВИДЕО)

107

Попладнево се одиграа сите мечеви од последното коло во Бундеслигата. Роберт Левандовски и Ерлинг Халанд стрелаа за Баерн и Дортмунд, за Норвежанецот се знае дека тој денеска го одигра својот последен меч за “милионерите“, а веројатно тоа се однесува и за Полјакот.

Баерн на гости кај Волфсбург одигра 2:2, додека Дортмунд дома со Херта славеше со 2:1 откако гостите водеа со 0:1.

На останатите мечеви беа овие резултати: Менхенгладбах – Хофенхајм 5:1, Унион Берлин – Бохум 3:2, Билефелд – Лајпциг 1:1, Аугсбург – Гројтер Фурт 2:1, Мајнц – Франкфурт 2:2, Леверкузен – Фрајбург 2:1, Штутгард – Келн 2:1.

Познато е одамна дека Баерн Минхен е шампион, а во ЛШ покрај овој тим се пласираа и Дортмунд, Леверкузен и Лајпциг, додека од лигата испаднаа Херта, Билефелд и Гројтер Фурт.

ПретходноЦела фудбалска екс – Југославија на погребот на Осим! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноПолувреме: Во Кратово без голови, Вардар води во Дебар…сепак вака Воска е во баражот!