МЗТ Скопје ја оправда фаворитската улога против Феникс, на домашен терен славеше со убедливи 92-68 во првиот меч од осмото коло. Со новите бодови актуелниот македонски првак направи чекор напред во одбрана на врвот пред стартот на плеј-офот.
Избраниците на Александар Петровиќ беа доминантни во текот на целиот меч. По првото полувреме имаа двоцифрено водство од 50-40. Новата добра игра во текот на третата четвртина им донесе позитива од 74-54 на стартот на последниот период, доволно за мирен финиш.
МЗТ Скопје ја запиша седмата победа во низа, во Супер-лигата има само еден пораз, од ТФТ на стартот.
Ајви со 16 поени и седум скока беше прв стрелец, еден поен помалку имаше Рикиќ, кој додаде уште 14 скока. Војдан Стојановски запиша 14 поени, еден поен помалку имаше Мекиќ. На другата страна Борјан Стојановски беше стрелец на 22 поени, девет скока и 13 асистенции.