Лука Модриќ дефинитивно ќе игра и следната сезона во дресот на Реал Мадрид. Последните информации говорат дека тој и клубот се веќе договорени за нова соработка, која што ќе има рок на траење до јуни 2023 година и дека треба да им се стави крај на сите шпекулации околу евентуалното заминување на хрватот од Сантијаго Бернабе.
Модриќ со години е двигател на играта на Мадрид, нема причина тој да биде заменет со помлад играч затоа што и во својата 36. година игра на највисоко можно ниво.