Специја со триумф среде Удине, Нестор одигра 40-тина минути!

111

Во меч од 37.коло во Серија А, Специја како гостин славеше кај Удинезе со 2:3 и тоа во супер интересен меч. За домашните настапи и Илија Несторовски, кој влезе во игра во 53 минути, значи одигра речиси 40-тина минути. Се чини дека ова беше последниот настап на Македонецот пред фановите на Удинезе на домашен терен, тој најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во друг клуб.

Инаку Удинезе поведе со гоолот на Молина, потоа Специја возврати со три гола, и тоа на Верде, Гјаси и Марџоре, во финишот гостите не реалзиираа пенал, за да конечните 2:3 ги постави Мари во 93.минута.

Во вториот меч кој се доцна попладнето во Серија А, со голот на Брекало екипата на Торино победи на гости кај Верона.

 

ПретходноДебитантот влезе во ритам: И Куманово на „менито“ на Ангели
СледноТричко со гол ја затвори сезоната во Кипар (ВИДЕО)