Тричко со гол ја затвори сезоната во Кипар (ВИДЕО)

88

Најдобриот стрелец на кипарска АЕК Ларнака, нашиот Иван Тричковски, ја затвори сезоната со гол. Денеска во последното коло од кипарската елита, Тричковски со својот 15-ти сезонски погодок (петти во доигрувањето за титулата) ја потврди победата на АЕК Ларнака од 2:0 над екипата на Пафос, со што и официјално го остави својот тим на 3. место на табелата кое следната сезона ги води до настап во УЕФА Конференциската лига.

Тричковски денеска беше прецизен од белата точка.

ПретходноСпеција со триумф среде Удине, Нестор одигра 40-тина минути!
СледноФА куп: Ливерпул и вторпат сезонава го победи Челзи на пенали и освои уште еден трофеј (ВИДЕО)