Во реприза на финалето од Лига Купот, Ливерпул повторо на пенали беше подобар од Челзи и го освои вториот трофеј во Англија оваа сезона. Момците на Јирген Клоп иако беа подобар тим од Челзи во регуларните 90. минути и креираа повеќе добри ситуации за гол, не успеаја да го совладаат Едуард Менди, па мечот отиде на продолженија со најнепопуларните 0:0.
И по 120 минути на „Вембли“ не видовме гол. Дуелот исто како и финалето во Лига Купот одиграно меѓу овие два тима оваа сезона заврши 0:0, па се пристапи на изведување на пенали. Кај Челзи уште во втората серија промаши Аспиликуета, но решавачкиот пенал во петтата серија го промаши Мане. Пенал-рулетот продолжи уште со две серии во кои Зијех погоди за Челзи, но Маунт не успеа да го совлада Алисон. Кај Ливерпул сигурни пеналџии беа Жота и Цимикас по што „црвените“ по осми пат во својата клупска историја дојдоа до трофејот во најстарото клупско натпреварување на планетава.
Последен пат Ливерпул го освои ФА Купот во 2006 година, а со годинешниот трофеј се израмни по бројот на ФА куп пехари со Челзи – 8.