Утре екипата на Шкупи, новиот шампион во домашниот фудбалски шампионат, и официјално ќе го добие пехарот. Во рамките од последното коло од овогодинешното првенство, на Чаир ќе гостува екипата на Академија Пандев, а претходно секако на домаќинот ќе му биде доделена и наградата.
Еуфорија околу Шкупи во Чаир никогаш и не недостасувала, па и овојпат организаторите се потрудија на секој начин да стават до знаење дека викендов, а и во периодот кој следува фудбалот во Чаир ќе биде главна тема и дека ова се денови на Шкупи кои мора да бидат испочитувани.