Чаир 2030 стигна до историски пласман во Првата лига

711

Чаир 2030 беше подобар од Вардар (85:59) во третиот и одлучувачки натпревар од полуфиналната серија од плеј-офот во Втората лига. Доволно за да ја затвори серијата со (2-1) и да биде промовиран во нов прволигаш.

За прв пат во својата кратка историја на постоењето, екипата од Чаир стигна преку константно добра игра пред својата публика против екипата која им го нанесе само вториот пораз во сезоната во втортолигашката конкуренција.

На тој начин, екипата која ја креираше тренерот Ерхан Рамадан и се приклучи на Струмица и ги пополнија двете места кои водат во најквалитетниот ранг на натпреварување во нашата земја.

Која ќе биде најдобрата екипа во Втората лига за сезоната 2021/2022 ќе биде познато во наредната седмица, кога токму Чаир 2030 и Струмица ќе се борат за пехарот наменет за најдобриот во ова натпреварување.

За позицијата број 3 пак ќе играат екипите на Шкупи и на Вардар.

ПретходноНиколов и Шериф Т. ја прославија шампионската титула (ФОТО)
СледноКлоп за историја: Само тој и Ферги направија ваков подвиг