Еден од најдобрите фудбалери на бразилскиот великан Сао Паоло и младински репрезентативец на Бразил, Маркус Винисиус Оливеира Аленсар, или попознат како Маркињос, е најверојатно ново засилување за тимот на Арсенал.
Преговорите помеѓу двата тима, на тема брзиот крилен напаѓач се интензивирани, и Арсенал за 3.5 милиони ќе добие екстра фудбалер. Причината зошто Премиерлигашот ќе плати така малку за така квалитетен фудбалер, е фактот што договорот на Маркињос искетува многу бргу, па Сао Паоло не сака да го пушти што се вели без пари.
Globo Esporte: São Paulo have received an official offer for their winger Marquinhos (19) from Arsenal. The brazilian club are set to accept the offer. GE also says that a deal should be done very soon. https://t.co/rxG810npV1
— Renato (@rehnato) May 12, 2022