Во ПСЖ конечно „пресекоа“, падна одлука за Донарума и Навас

1441

Оваа сезона ПСЖ го имаше можеби и најдобриот голмански тандем во светот. Искусниот и одличен Навас и првакот на Европа со Италија, Донарума. Двајцата за бореа за позицијата број „еден“ во таборот на францускиот првак.

Но, во следната сезона ова нема да биде случај, како што пренесува престижниот „Л’Екип“. Број еден меѓу стативите ќе биде Донарума, кој ги притисна челниците конечно да одлучат кој ќе остане. Причината која беше одбран италијанскиот репрезентативец е тоа што е 12 години помлад од својот колега.

Навас оваа сезона беше одличен, додека Донарума имаше голем број на грешки особено во некој од клучните мечеви како што беше случај во осминафиналето во ЛШ против Реал.

Ова значи дека 35-годишниот Навас може да ги пакува куфери, за него има интерес од Шпанија и Англија.

ПретходноСензација во Шпанија: Барселона одигра нерешено со испаднатата Антекера
СледноСалах одговори на најважното прашање!