Дејан Манасков влезе во ритам. Кам-бекот на теренот го имаше против Алборг во рамките на Лигата на шампиони, а веќе денеска очекувано се најде во составот на Веспрем во унгарскиот шампионат.
Неговиот тим славеше против Дабас со 44-29 во рамките на 24. коло, ова беше 22 победа за Веспрем со два порази се наоѓа на првото место на табелата.
Македонскиот репрезентативец, Манасков беше најдобар на теренот, постигна десет гола од 11 обид.