Ливерпул под водство на Јирген Клоп испиша нова страница од клупската историја. Денеска „црвените“ го освоија и ФА Купот, а за Германецот овој трофеј има посебно место во неговата богата тренерска историја.
Германскиот стратег стана првиот менаџер во историјата на клубот кој ги освоил Премиерлигата, Лигата на шампионите, ФА Купот и Лига купот.
Клоп стана и вториот менаџер во историјата кој ги освоил сите овие трофеи со еден англиски клуб. Претходно тоа му успеа само на поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон.