По освојувањето на ФА Купот, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, зборуваше и за повредите на двајцата стартери во составот на „црвените“, Ван Дајк и Салах.
Клоп се надева дека и двајцата ќе бидат во ред, но не можеше да понуди детална анализа за нивните фитнес проблеми веднаш по нивниот триумф во купот сезонава. Салах беше принуден да го напушти теренот во првото полувреме поради мускулен проблем, за кој беше пријавено дека станува збор за повреда во препоните.
„Мо дојде и морав да донесам одлука. Тој рече: „Можам да продолжам, но се чувствувам малку несигурно. Затоа го повлеков. Се надевам дека ќе биде добро. Вирџ имаше болки сите 120 минути. Не знам ништо повеќе, ќе видиме“, изјавил менаџерот на „црвените“.