Денеска во Сараево беше погребан Ивица Осим, легендарниот некогашен фудбалер на Железничар и репрезентативец на некогашната заедничка земја и последен селектор на екс – СФРЈ. На комеморацијата, а потоа и и на погребот присуствуаше речиси цела фудбалска екс – Југославија, како Сафет Сушиќ, Драгн Стојковиќ, Душан Баевиќ, Блаж Слишковиќ, Ѕвоне Бобан, Среќко Катанец, Саво Милошевиќ и уште многу, многи други.
Сите тие се простија од својот фудбалски учител и голем пријател.
ФОТО: Klix.ba