Гостивар се мобилизира за Пелистер, време е да се разбуди и Еуро Никел!

139

Битката за последните две места во плеј-офот се вжештува. Три тима се борат за два билети. Гостивар, ТФТ и Еуро Никел имаат три средби за да го заверат своето место во следната фаза која води близу до пресметката за титула.

Гостивар се најде во центарот на вниманието, овој тим по лошите партии се разбуди и се искачи на третото место на табелата, благодарение на трите победи во низа. За останување на оваа позиција денеска (18 часот) на домашен терен треба да ја повтори играта од Битола пред повеќе од две недели. Само што се разделија со Александар Јончевски го совладаа Пелистер, па сега на домашен терен ќе имаат шанса да дојдат до нови бодови за продолжување на сонот плеј-оф, покрај себе ќе ги имаат и своите верни фанови кои сигурно ќе ги има во голем број. Но, нема да биде лесно, Пелистер зад себе го има поразот од ТФТ, па Марјан Илиевски и неговите момци треба да покажат дека имаат сили за многу повеќе.

Во Скопје пак во директна пресметка влегуваат ТФТ и Еуро Никел, двата тима имаат 45 бода, еден помалку од конкурентот Гостивар. Тимот од Тафталиџе ја има победата над Пелистер, додека пак кавадарчани се во лоша серија, токму затоа ја загубија и позицијата број три. Имаат четири порази во низа, па ова гостување ќе биде вистинска шанса да се издигнат и да продолжат со битката.

ПретходноМанасков по феноменалната партија со порака до „душманите“: Некои луѓе сакаат да не успееш!
СледноВардар е ГОЛЕМ клуб со „ситни“ луѓе кои го уништија!