Денеска од 17 часот на програмата се сите шест натпревари од 33.коло или последно во сезоната 2021/22. Во пресрет на ова коло нема никакви дилеми, се е разрешено. Шкупи е шампион, во ЛК одат А. Пандев и Шкендија. Во баражот Тиквеш и Скопје, испаднаа Пелистер и Борец.
Па така сите мечеви денеска би требало да бидат за престиж. Секако дека највесело и најинтересно ќе биде на Чаир, каде Шкупи, нашиот нов првак ќе го добие пехарот за најдобар тим во ПМФЛ. Секако дека на Чаир ќе има шампионска ЖУРКА, фановите на овој тим чекаа 21 година за нов пехар, и еве го дочекаа. Може да бидат горди на својот тим зошто Шкупи предводен од Гоце Седлоски беше убедливо најдобриот сезоната во ПМФЛ. Оваа титула е чиста како солза што се вели.
ДВОЈКИ ЗА 33.КОЛО – ДЕНЕСКА 17 Ч
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
БОРЕЦ – РЕНОВА
СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП
СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА
ШКУПИ – А. ПАНДЕВ