Кадетската репрезентација на Македонија славеше со 32-19 против тимот на Бутел Скопје кој оваа сезона ја освои титулата во соодветната конкуренција. Овој меч се одигра во чест на Марко Божиновски, кој почина на 20 годишна возраст.
Пред ревијалниот натпревар претседателот на РФМ, Живко Мукаетов на родителите на Марко Божиновски им додели врамен дрес. Марче вечно ќе живее во срцата на сите.