Во претпоследното 35. коло загрепски Динамо ја обезбеди новата шампионска титула во Хрватска. „Модрите“ во чии редови настапуваат нашите репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, денеска славеа на гостувањето кај Шибеник со 2:0 и со тоа дојдоа до недостижни +4 пред Хајдук во очи на последното сезонско коло.
Головите за Динамо вредни титула ги постигнаа Марко Толиќ и Петар Бочкај.
Мечот го одбележа и инцидентот на 10 минути пред крајот на мечот, кога домашниот фудбалер Грезда го удри в глава нашиот репрезентативен капитен Ристовски, по што настана вистинска мешаница на теренот.
За Динамо, ова е 23-тата титула во Хрватска.