На прес-конференцијата по финалниот меч од Купот на Македонија, тренерот на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ и Танкоски ги изнесоа своите видувања за она што се случуваше во кавадарци.
„Честитки до Вардар за победата. Тешко е да се зборува. 10-15 минути игравме без Периќ, се потрошивме многу, промашивме важни удари во одлучувачките моменти, Вардар не се предаде, Томовски имаше неколку одбрани. Игравме машки, се боревме, фалеше добро решение кое го немавме. Но, шоуто продолжува, одиме понатаму“, изјави Бабиќ.
„Штета, се боревме до последната минута, влеговме во црна дупка, сакавме да го освои овој трофеј, но не не посака среќата на самиот крај,“ изјави Танкоски.