Дејвис и Дибиров едногласни: Горди сме и среќни, верувавме во победа!

303

Вардар 1961 по пресврт и неверојатен начин се врати во игра и го совладаа Е.Пелистер во финалето на Купот на Македонија со 23-22. Филип Талески ја реши драмата, со вистинска „бомба“ во мрежата на битолчани.

„Благодарност за честитките. Секој натпревар е посебна приказна, знаевме дека ќе биде многу тешко. Веќе имаме историја, ривалство со нив, секој меч е непредлив. Им честитам, беа добар противник, добар ривал, кога завршува вака еден меч, среќата беше на наша страна. Добра работа направи тимот од Битола. Горд сум на момците и стручниот штаб, играта не беше убава, но за нас беше важно дека победивме. Ривлаството со Е.пелистер е добро за македонскиот ракомет, им благодарам на сите“, изјави Дибиров.

Дејвис беше пресеќен за триумфот, вели дека вербата во своите квалитети беше клучна за победата.

„Честитки за Пелистер и за Бабиќ, имам голема почит за него. Второ, сакам да кажам дека атмосфеата денеска беше мнгу добра, одигравме и добар ракомет и сите уживеаа. Типичен  натпревар за Куп. Пелистер прво имаше подобар период, но до крај ние бевме малку среќни. Не можам да кажам зошто победивме денес, одбраната 6-0 беше добра и зоната 5-1 беше добра и тој фластер на Периќ донесе резутлтат. Сакам да им порачам на нашите навивачи да доаѓаат постојано на нашите натпревари. После првото полувреме можеби не беа среќни со нашиот насап, но во втортоо верувам дека беа, покажавме дека оваа екипа има ‘кохонес’.“, изјави Дејвис, се разбира, без да го објасни шпанскиот збор за тестиси.

ПретходноБитолчани му честитаа на Вардар: Игравме машки, но промашивме во одлучувачките моменти
СледноЛа Лига: Севиља и Бетис во последното коло ќе решаваат за место во ЛШ