Дибала се збогува со Јуве: Мислев ќе бидеме заедно уште многу години, но …

532

Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала и официјално се прости од Јувентус.

„Тешко е да се најдат вистинските зборови за збогување. Толку години и толку многу емоции… Мислев дека ќе бидеме заедно уште многу години, но судбината не носи на различни патишта. Никогаш нема да заборавам се што доживеав благодарение на тебе, ниту еден натпревар, ниту еден гол. Со тебе пораснав, учев, живеев и сонував. Беа 7 години магија. 12 трофеи и 115 гола кои никој нема да ни ги одземе. Никогаш. Ви благодарам што ме поддржувате во тешките моменти. Им благодарам на оние кои беа со мене низ годините: од првиот до последниот, од навивачите до луѓето кои работат во клубот, тренерите и соиграчите, вработените и менаџерите“, напиша Дибала на социјалните мрежи.

Јувентус утре ќе игра на домашен терен со Лацио во Серија А.

Претходно„Комити“ фрлаа бакљи кон „Чкембари“, запалија и неколку столчиња (ВИДЕО)
СледноТалески ја расплака Битола: Вардар по пресврт и голема драма го освои 15. Куп-пехар