Ива Младеновска собра две признанија: Ми значи МВП признанието, но повеќе ми е важен пехарот со Металург!

273

Металург после девет години го подигна пехарот во Купот на Македонија, во финалето го совлада Ѓорче Петров со 30-27. Избраничките на Јулијана Дамчевска сосема заслужено се радуваа, беа доминантни во текот на целиот натпревар.

И на оваа средба најдобра беше Ива Младеновска, постигна девет гола и понесе две признанија, најдобар стрелец и МВП на турнирот,

„Очекував дека можам да бидам лидер и да го водам мојот тим до титулата. Ако немате големи очекувања не може да имате и големи успеси. Ми значи многу МВП наградата, но уште повеќе ми значи и титулата со Металург. Имам кажано во неколку наврати дека доколку со клубот имаме големи успеси, тие ќе се пренесат и во репрезентацијата“, изјави Младеновска. 

И тренерот на Металург, Јулијана Дамчевска беше пресреќна.

„Влеговме сериозни и со пристап кој е победнички. Знаевме дека ако спроведеме што трениравме, ќе успееме. Макотрпно работиме, веруваме во тоа што го работиме и еве го резултатот. Игравме дисциплинирано и долго време во висок ритам. Не може да се игра во  вака силно темпо шеесет минути, но успеавме и заслужено се радувавме“, рече предводникот на Куп-победникот. 

Најдобар стрелец: Ива Младеновска (ЖРК Металург)
Најдобар голман: Аира Илјаз (ЖРК Металург)
Најкорисен играч (МВП): Ива Младеновска (ЖРК Металург)

Симе Симовски им честиташе на Металург, потенцира дека Илјаз, голманката на противникот го решила мечот.

„Честитки за организацијата на Куп-завршницата во Кавадарци. Натпреварот го одлучи голманката на ЖРК Металург. Имавме многу промашувања., направивме многу технички грешки, но и покрај тоа се вративме во натпреварот. Сепак, немавме сили за целосен пресврт. Сакам да изразам честитки за ракометарките на ЖРК Металург“.

ПретходноПМФЛ: Шкупи покажа кој е кој, „пиратите“ си поигруваа со Брегалница, без победник во Струга
СледноЕвертон можел да го доведе Халанд за 70.000 евра но….