Одлуката за новиот италијански фудбалски шампион ќе мора да почека до следниот викенд. По денешната победа на Милан против Аталанта со 2:0, Интер вечерва дојде до три бода на гостувањето кај Калјари славејќи со 3:1 и со тоа и натаму математички останувајќи во трката за Скудетото.
Два од трите гола за „нероаѕурите“ вечерва беа дело на Лаутаро Мартинез, додека првиот гол го постигна Матео Дармиан. Интер на коло пред крајот е втор со два бода помалку зад градскиот ривал Милан. Во последната рунда момците на Инзаги играат дома против Сампдорија, додека Милан ќе гостува кај Сасуоло. На „росонерите“ ќе им биде потребен бод за титула, додека Интер мора да слави и да се надева на успех на Сасуоло на дуелот против лутиот градски ривал.
Standings provided by SofaScore LiveScore